Дома Македонски спорт Мак ракомет Тежок распоред: Еве ги дуелите кои го чекаат Вардар во Лига на шампионите до крајот на годината

Тежок распоред: Еве ги дуелите кои го чекаат Вардар во Лига на шампионите до крајот на годината

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во соработка со клубовите и телевизиите кои ќе вршат преноси од Лигата на шампионите сезонава, ги одреди термините на натпревраите на европскиот првак Вадар со крајот на 2017 година во рамки на најголемото клупско ракометно натпреварување во Европа.

Вардарци ги очекува тежок распоред во ноември и декември, која ќе одиграат пет натпревари за пет седмици.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Црвено-црните одбраната на титулата ќе ја започнат во недела (17 сеплетмри) со дуелот од 19 часот на гости кај Висла.

Распоред и сантица на натпреварите од првите 10.коло на Вардар во ракометната Лига на шампиони:

1.коло 17.09.2017 Висла – Вардар (19 часот)
2.коло 23.09.2017 Вардар – Нант (17:30)
3.коло 01.10.2017 Вардар – ППД Загреб (17)
4.коло 07.10.2017 ПИК Сегед – Вардар (17:30)
5.коло 14.10.2017 Вардар – Барселона (17:30)
6.коло 04.11.2017 Кристијанштад – Вардар (18)
7.коло 11.11.2017, ППД Загреб – Вардар (20)
8.коло 18.11.2017, Вардар – Рајн-Некар (17:30)
9.коло 26.11.2017, Рајн-Некар – Вардар (19)
10.коло 02.12.2017, Вардар – Кристијанштад (17:30)

Термините за преостанатите четири кола кои на програмата се во феверуари следната година ќе бидат одредени по завршувањето на Европското првенснство во јануари 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…