Дома Трансфер зона Така се работи: Младост Лучани продаде играч на англиски Стоук

Така се работи: Младост Лучани продаде играч на англиски Стоук

Српскиот клуб, Младост Лучани успеа својот фудбалер да го продаде во англиски Стоук.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот репрезентативец на Србија, Никола Јојиќ кој до неодамна го носеше дресот на Младост Лучани потпиша договор на четири години со англискиот клуб.

Несекојдневниот трансфер е големо изненадување за сите, па можеби и за самиот фудбалер кој на 15. септември ќе наполни 20 години.

Стоук во овој момент се натпреварува во Чемпионшип, а Јојиќ ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред. Во претходната сезона тој постигна 10 голови и запипша 11 асистенции на 45 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…