Дома Фудбал Останато Тажен крај на потрагата: Пронајдено телото на Кристијан Атсу

Тажен крај на потрагата: Пронајдено телото на Кристијан Атсу

Taжен крај имаше потрагата по напаѓачот на Хатајспор, Кристијан Атсу.

Кристијан Атсу беше исчезнат во земјотресот, а утрово е потврдено дека неговото безживотно тело е пронајдено под урнатините. Информацијата сега ја потврди неговиот агент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Безживотното тело на Атсу е пронајдено под урнатините. Во ов ој момент се собираат неговите работи, пронајден е и телефонот“, објави неговиот агент.

Претходно, неколку дена по земјотресот се појави информација дека Атсу е пронајден жив и хоспитализиран, но еден ден подоцна таа информација беше демантирана.

Атсу имаше 31 година, а играше за Порто, Рио Аве, Челзи, Витесе, Евертон, Борнмут, Малага, Њукасл, Ал Ријад и Хатајспор. За репрезентацијата на Гана одигра 65 натпревари и постигна девет голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го блокира трансферот на Анди Робертсон во Тотенхем

Управата на Ливерпул го блокира трансферот на Ендру Робертсон во Тотенхем. Во петокот дват…