Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Тагата, бесот и разочарувањето претворени во еуфорија! Лудило во Буенос Аирес по голот на Рохо (видео)

Тагата, бесот и разочарувањето претворени во еуфорија! Лудило во Буенос Аирес по голот на Рохо (видео)

Aргентина преживеа! После драмата се врати од „мртвите“ и остана во игра, а најзаслужен беше голот на Маркус Рохо во финишот од натпреварот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Гаучосите“ против Нигерија стигнаа до предност со голот на Лео Меси, но на стартот од вториот дел Нигерија стигна до изедначување од пенал преку Виктор Мозес. Аргентинците до голот злато вреден стигнаа на само четири минути пред крајот на натпреварот.

Сега во 1/8 финалето ги чека Франција, но на тоа вчера никој не размислуваше и во Буенос Аирес на големо прослави голот на Рохо.

Тагата, бесот и разочарувањето во Аргентина во тој момент се претвори во вистинска еуфорија.

Натпреварот помеѓу Аргентина и Нигерија на отворено се следеше во Буенос Арис, а во моментот кога Рохо погоди за победа настана вистинско лудило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Неповолна атмосфера на Сан Сиро: Мајк Мањан побарал да го напушти Милан!

Милан не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите следната година. Зошто проблемот …