Пред натпреварот против Рајн Некар Левен во Лигата на шампионите каде што Вардар и оваа сезона игра одлично, македонскиот спортски бренд се одлучи на фантастичен потег.
Вардар одлучи да ги изненади одговорните возачи во Македонија и во соработка со македонската полиција делеше билети за натпреварот во сабота.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Асистенти на одржувачите на собраќајниот ред во градот им беа Стојанче Стоилов и Даинис Криштопанс.
Рајн Некар во Спортскиот Центар „Јане Сандаски“ гостува во сабота (17:30 часот).
Акција на Вардар и РСБСП: Кој вози одговорно си доби билети за ЛШ
Акција на Вардар и РСБСП: Кој вози одговорно си доби билети за ЛШСообраќајната култура е важен дел од живеењето, а Вардар во пресрет на натпреврот на неделата од Лигата на шампионите против Рајн Некар ги награди оние што „возат одговорно“. Во населбата Аеродром заедно со сообраќајната полиција беше направена контрола на одреден број возила. Оние што ги почитуваа сообраќајните правила си добија билет за мечот во сабота.Нашиот капитен Стојанче Стоилов заедно со Даинис Криштопанс беа во улога на асистенти на сообраќајната полиција. Заедно беа контролирани одреден број на учесници во сообраќајот.Оние што не ги користеа безбедносните ремени во возилата добија предупредување, а оние што се придржуваа до сите сообраќајни правила беа наградени со билет.Средбата Вардар – Рајн Некар е прогласен за меч на колото во лигата на шампионите. Дуелот е закажан за во сабота, 6 октомври во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански“.Оние што сакаат да купат билети тоа може да го сторат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот или преку www.ticketplus.mk.
Gepostet von RK Vardar am Dienstag, 2. Oktober 2018