На едно коло пред крајот од групната фаза на Светското првенство, Македонија го игра клучниот натпревар против Исланд.
Шпанија вчера беше подобра и ја оправда фаворитската улога против нас, иако во првото полувреме одигравме фантастично.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Свој коментар за средбата после натпреварот даде и Стојанче Стоилов.
„Навистина не знам како од петта брзина уфрливме во прва. Одново ни се случи истото, промашивме премногу шанси, а против ваква селекција тоа не е смееше да го направиме. Ја изгубивме концентрацијата на неколку минути и тогаш не беше рационално да продолжиме. Исланд е клучниот натпревар и се надевам дека ќе ги користиме шансите. Имаме желба и борбеност, но концентрацијата мора да се задржи“, изјави Столе.
Натпреварот помеѓу Македонија и Исланд се игра вечерва од 18:00 часот.