Голема бура во ракометниот и во спортскиот свет предизвика вчерашната дебата на телевизијата ЕСПН на која Американците буквално го понижуваа ракометот како спорт.
Популарната емисија „Highly Questionable“ на американската телевизија „ЕСПН“ го омаловажуваше ракометот како спортот тврдејќи дека Леброн со поранешниот квотербек Џеј Кутлер би освоил Златен медал на Олимписките игри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кутлер пред неколку дена изјави дека на 36 години размислува да почне да се занимава со ракомет и да се обиде со САД да се квалификува на Олимписките игри.
„Слушнав дека ракомет се игра на Олимписките игри и мислам дека би бил добар во тој спорт. Се игра со мала топка која ја додаваш и ја фрлаш во гол’, изјави Кутлер.
„Колку играчи играат, осума така ли? Ја мислам дека ти, Леброн и Патрик Махомес сами против било кој осумка од другите земји би освоиле злато“, одговори водителот, па Кутлер продолжи:
„Мислам, погледнете го тој спорт. Сите тимови се поставени пред голот и играчите ги креваат рацете на памет, некогаш ја блокираат топката некогаш не. Ма морам да влезам во нашиот тим!“.
Part 2: We would love to have @Foxworth24 for a chat about this. pic.twitter.com/HyTKR8lPCR
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 31, 2020
Еден од водителите се сложи и порача дека и тој веднаш би влегол во тимот со Кутлер и Леброн.
„Дали некогаш сте слушнале некој осмугодишник дека сака да игра ракомет? Јас сум сигурен дека тој спорт некаде на Земјата е популарен. Кој се занимава со ракомет? Оние кои не успеале во фудбалот или кошарката“, порача еден од водителите.
Оваа расправа стигна до Никола Карабатиќ и Лука Дончиќ. Карабатиќ му кажа на Кутлер дека тој ќе му го даде својот златен медал ако го победи, а Дончиќ им кажа дека немаат поим колку ракометот е тежок спорт.
Сега на нивната дебата стигна одговор и од ЕХФ.
„Кој сака уште да одигра натпревар против Кутлер и екипата за злато на Олимпсиките игри?“, гласеше твитот на ЕХФ.
So … Who else is up to take on Jay Cutler & co for the @Olympics gold?
— EHF EURO (@EHFEURO) February 5, 2020
So far we have, @NKARABATIC @LasseSvan & @CMortensen6.#handball @HandballHour @PardonMyTake @espn @HQonESPN @Foxworth24 pic.twitter.com/YrmCvDiGlH