Дома Останати Тенис Сте слушнале за автофагија? Ноле година и пол „гладува“ по 16 часа на ден – вели дека никогаш не се чувствувал подобро

Сте слушнале за автофагија? Ноле година и пол „гладува“ по 16 часа на ден – вели дека никогаш не се чувствувал подобро

На неговиот Инстаграм профил моментално најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ споделил снимка од разговорот со професор д-р Драган Иванов, кој што е специјалист по интерна медицина и професор на Универзитетот во Нови Сад, на која Ноле говори за автофагија.

Ѓоковиќ во текот на нивниот разговор открил дека не консумира храна по 16 часа во последната година и пол.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На неговиот Инстаграм профил моментално најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ споделил снимка од разговорот со професор д-р Драган Иванов, кој што е специјалист по интерна медицина и професор на Универзитетот во Нови Сад, на која Ноле говори за автофагија.

Ѓоковиќ во текот на нивниот разговор открил дека не консумира храна по 16 часа во последната година и пол.

„Сакам да позборувам на тема автофагија. Колку е важна, тој вид пост 18-8, во кој 16 часа не се јаде, 8 часа се јаде, тоа јас го применувам. Во последнава година почувствував големо подобрување во системот за варење, подобро спијам, имам поголема енергија во текот на денот, имам помалку падови“ – изјавил Ѓоковиќ.

Професорот Иванов, кој што е вегетаријанец, имал поопширна анализа за тоа:

„Што е автофагија? Доколку ништо не внесуваме 12 часа, нашиот мозок гледа каде може да ја пронајде нашата резерва. Тогаш пронаоѓа некои микроорганизми, патогени бактерии и ги разорува и рециклира, тогаш наоѓа некоја мутирана ќелија и од разградените материјали прави екстра енергија, па имаме дополнително гориво затоа што сме имале ќелии и структури кои што ни биле нефункционални и тие ќелии ги зема за создавање на нови, млади ќелии, здрави.

Доколку јадеме во 2 или 3 часот попладне, во 2 или 3 часот по полноќ се активира автофагијата и потоа таа ќе го исчисти нашиот организам од микрооорганизмите, артеросклеротичните наслаги на ѕидовите од крвните садови, од мозочните ќелии. Таа ќе го исчисти нашиот организам и ќе ни подготви гориво за утрешниот ден, но мора да поминат 12 до 16 часа“ – изјавил Иванов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер откри без што не може да се замисли: Подобро една недела без тенис (Видео)

Јаник Синер за време на Ју-Ес Опен потпиша договор со нов спонзор. „Експлора патувања“ ќе …