Дома Фудбал Статистиката на Атлетико под водство на Симеоне – импресивно!

Статистиката на Атлетико под водство на Симеоне – импресивно!

Од кога Диего Симеоне седна на клупата на Атлетико Мадрид започна патот на овој клуб кон самиот европски врв.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Атлетико од кога Симеоне во клубот стана препознатлив по својата беспрекорна игра во одбраната и напад кој постигнува голови од мал број прилики. Со таквиот стил на игра тој успеа да освои титула во Ла Лига покрај моќните Барселона и Реал.

Аргентинецот неодамна го одработи својот 400-ти натпревар на клупата на „јорганџиите“, а по тој повод статистичарите ги погледнаа резултатите на Атлетико во тие натпревари.

Имено, Симеоне со Атлетико славел на 246 од нив, а уште по неверојатно е што на дури 210 натпревари не примил погодок!

Голем број љубители на фудбалот можеби ќе го критикуваат Симеоне поради неатрактивноста, но со сигурност никој не може да каже дека оваа игра не му носи резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите помеѓу Ман Сити и Родри се прекинати

Манчестер Сити му понудија нов договор на Родри пред повеќе од два месеца, но двете страни…