Добро познато е дека на Балканот во фудбалот има ситуации какви што не треба да има, па така сега една своја ситуација открива денес аналитичарот Раде Богдановиќ.
Богдановиќ во јавноста често зане да го критикува актуелниот селектор на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси со кого се во „мдиумска војна“ во последните денови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега тој откри дека пред Светското првенство во 1998 година му било побарано 50.000 марки за да добие место на списокот патници.
„Да тоа е точно, сум кажал и порано. Ми бараа 50.000 марки за да играм за репрезентацијата. Барањето ми беше соопштено од син на тогашниот генерален секретар на репрезентацијата Бата Булатовиќ.
Секако дека не платив, а тие на СП однесоа играч кој дотогаш не играше за репрезентација. Веројатно ако играв на тоа Светско првенство ќе имав поинаква кариера, но задоволен сум и од тоа што го направив“, изјави Богдановиќ.