Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се најде на удар на навивачите на Јувентус после натпреварот во осминафиналето од Лигата на шампиони.
Атлетико Мадрид го порази Јувентус со 2-0 во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампиони, а Симеоне дополнително го навлече бесот на „бјанконерите“ поради прославата на првиот гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Симеоне при прославата на првиот гол се фати за меѓуножјето, а тоа предизвика бес кај навивачите на „старата дама“, иако аргентинскиот стратег објасни дека тој гест не се однесувал на италијанските навивачи.
Навивачите на Јувентус отидоа предалеку и на фотографијата која ја објави Симеоне заедно со својата новородена ќерка, Валентина поаскуваа новороденчето да не го преживее денот…
Некои фанови испратија жестоки и грозни закани за малото бебе, со што го посрамотија клубот. Поради тоа дел од „нормалните“ фанови на Јувентус направија група на Фејсбук со која му упатија официјално извинување на Симеоне.
Ова не е прв пат навивачите на Јувентус да реагираат на ваков нецивилизиран начин преку социјалните мрежи. Имено, кога Бонучи премина во Милан, дел од фановите испраќаа крајно срамни коментари за неговиот син Лоренцо, кој во тие моменти се бореше со тешка болест.