Дома Фудбал Англија Срамно однесување на фудбалерот од 100 милиони евра

Срамно однесување на фудбалерот од 100 милиони евра

Манчестер Јунајтед успеа да се пласира во финалето на ФА Купот, откако дури по пеналите го исфрли Ковентри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Водството од 3:0 не беше доволно за избраниците на Тен Хаг да го одлучат победникот во регуларниот дел од мечот, па Јунајтед е тема на денот на Островот.

Но, тема на денот е и најскапото засилување во ерата на Ерик тен Хаг и едно од најскапите досега во Премиер лигата, Антони.

Како што знаете, Бразилецот пристигна за околу сто милиони евра, а досега не оправда ниту десетина од инвестицијата.

Но, и покрај тоа, тој реши да го прослави победничкиот гол од исмевајќи се со второлигашите кои за малку не им направија пресврт од 3:0 негатива.

Неговата фотографија го обиколи светот, социјалните мрежи пламнаа, не се знае дали поради него или поради тоа што никој во екстаза не го прославува победничкиот гол со Расмус Хојлуд.

Антони сезонава одигра 34 натпревари, постигна два гола и додаде две асистенции. И си даде за право вака да се радува…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Видео од четири минути ги покажува сите спорни одлуки на натпреварот на Египет и Аргентина (Видео)

Од првото коло на Мундијалот, кога во натпреварот против Алжир Лионел Меси не доби црвен, …