Барак Бахар од следната сезона ќе биде тренер на Црвена ѕвезда, пренесуваат српските медиуми.
Поранешниот стратег на Макаби од Хаифа ќе пристигне во Белград по завршувањето на актуелната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бахар ќе има специјална заштита од својата земја во Белград, односно ќе биде придружуван од неколку агенти од државните органи.
Израелски специјалци ќе го штитат Бахар во Србија, исто како што ги штитат и останатите спортисти во другите земји.
Израелецот ќе биде најплатен тренер во историјата на српскиот фудбал со плата од 750.000 евра годишно, плус 250.000 евра за неговите помошници.