Дома Фудбал Спектакуларно: Еве како ќе изгледа новиот „Бернабеу“ 🎥

Спектакуларно: Еве како ќе изгледа новиот „Бернабеу“ 🎥

„Сантијаго Бернабеу“ секако е еден од најпознатите стадиони во светот, отворен е пред точно 74 години. Во меѓувреме имаше две поголеми реконструкции во 1982 и 2001 година. Сега поминува низ третата која изгледа ќе биде најспектакуларна до сега.

Реал Мадрид објави видео на кое покажува навистина еден нов „Бернабеу“ кој многумина веќе го нарекуваат „Трансформер-стадион“. Освен подвижниот кров, тој ќе има и подвижен под кој ќе се прилагодува на потребите. На новиот „Бернабеу“ нема да се игра само фудбал.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Постојат планови со монтажни трибини домот на Реал да се претвара во тениски стадион, но и кошаркарска арена, а ќе се играат и натпревари од американски фудбал. Според најавите реконструкцијата би требало да биде завршена летото 2023 година. Ваквото вложување се очекува Реал да го чини околу 530 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тер Штеген проговори за својот комплициран однос со Меси

Марк-Андре Тер Штеген и Лионел Меси делеле соблекувална седум години, во периодот од 2014 …