Додека вчера очите на фудбалската јавност беа вперени кон Мадрид каде што Ајакс го понижи Реал Мадрид на натпреварот од Чемпионшип помеѓу Дерби Каунти и Виган постигнат беше гол за паметење.
Дерби со пресврт славеше победа од 2:1, а голот за изедначување во 62-та минута го постигна Мејсон Бенет и без дилеми ќе биде сериозен кандидат за наградата Пушкаш.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерот на Дерби беше свртен со грб кон голот. Сепак, успеа да ја зафати топката со врвот на копачката и да ја испрати кон голот. Бенет постигна навистина спектакуларен гол и до овој момент сигурно дека е главниот кандидат за наградата за најдобар гол во 2019 година.
Ваков спектакуларен гол е навистина тешко да се надмине, дали невозможно останува времето да покаже.
Ваквиот погодок им даде „крилја“ на избраниците на Френк Лампард и до крајот успеаа да стигнат до трите бода. Голот за победа го постигна Скот Малони во 78-та минута од средбата.
За Дерби ова беа важни три бода. После серијата од три порази конечно успеаа да слават и се искачија на делбата на шестата позиција која води во плеј-офот за влез во Лигата на шампионите.
What a goal from Derby County’s Mason Bennett! A definite Puskas Award nominee. pic.twitter.com/LfsNpbSB5z
— Photos of Football (@photosofootball) March 5, 2019