Дома Фудбал Англија Сензација на Островот: Руни и Дерби елиминирани од аматерски тим! 🎥

Сензација на Островот: Руни и Дерби елиминирани од аматерски тим! 🎥

Тимот на Чорли приреди вистинска сензација во англискиот ФА Куп.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Чорли го елиминираше големиот фаворит во овој меч, Дерби Каунти (2:0). Станува збор за сензација затоа што Чорли е аматерски тим кој се натпреварува во шестата лига во Англија, додека Дерби Каунт е во Чемпионшип и од клупата ги води легендата на Манчестер Јунајтед Вејн Руни.

Треба да се спомене дека Дерби играше без неколку првотимци кои се позитивни на Ковид-19, но секако тоа не треба да биде оправдување за елиминацијата од аматерска екипа.

Чорли за првпат во својата историја ќе игра во четвртата рунда од ФА Купот.

ФА КУП останати резултати: Боренам Вуд – Милвол 0:2, Лутон – Рединг 1:0, Норвич – Ковентри 2:0, Нотингем Форест – Кардиф 1:0, Евертон – Ротерам 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …