Од пред неколку дена Мајк Ешли повеќе не е сопственик на Њукасл тој го продаде клубот на инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија за околу 360 милиони евра.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Меѓутоа според најавите од Островот тој се уште сака да остане во фудбалот. Ешли наводно смета дека поседувањето на професионален клуб е од корист за неговата компанија Спорт Дајрект. Негов нов клуб би можел да биде Дерби Каунти каде што тренер е Вејн Руни.




Дерби е во тешка финансиска ситуација, неодамна му се одземаа 12 бодови па се наоѓа на последното место во Чемпионшип.




Станува збор за клуб кој во минатото беше дел од Премиер лигата, а последен пат во елитното друштво беше во сезоната 2007/2008. Тогаш влезе и веднаш испадна со скор од само една победа и осум нерешени резултати. Треба да се спомене дека во 2014 и 2019 Дерби играше финалиња во плеј-офот за влез во Премиер лигата, но губеше од КПР и Астон Вила.