Селекторот на Италија, Лучијано Спалети искажа голем респект кон Македонија пред утрешниот.
„Навикнати сме пред вака важни натпревари да имаме проблеми со повреди, замор и откази. За жал тоа е составен дел од фудбалот. Играчите играат многу натпревари за своите клубови. Од дуелот во Скопје до сега работиме напорно за да се подобриме, за да ги намалиме грешките. Утре за нас ни е најважна победата, а потоа ќе видиме што понатака. Најважно е да одиграме одличен натпревар и да победиме“, истакна Спалети.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Мислам дека Македонија не се само Барди и Елмас. Селекторот Милевски е многу спремен и докажа дека сте репрезентација за респект. Елмас тоа што го кажа денеска дека сака пак да не изненадат е доказ дека Македонија подготвува нешто. Елмас е супер дечко кој на мал простор знае да направи чудо”, додаде Спалети.