Дома Македонски спорт Мак фудбал Спалети: Елмас ми е како син, но сакаме да ја победиме Македонија

Спалети: Елмас ми е како син, но сакаме да ја победиме Македонија

Новиот селектор на Италија, Лучијано Спалети на пресконференцијата пред мечот со Македонија посебно го пофали Елмас.

Спалети откри дека имале одлични односи во Наполи и дека го гледа како син, но основна цел на неговата селекција е победа во Скопје.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Елмас ми е како син, со него го освоивме Скудетото на еден прекрасен начин. Во Наполи секогаш можев да се потпрам на него и да ги користам неговите квалитети. Сигурно дека утре силно ќе се прегнеме и во тие моменти сигурно ќе имам големи емоции. Елиф е исклучителен играч кој добро ги познава своите соиграчи“, изјави Спалети.

„Ќе се обидеме да бидеме тим, со тимски дух да го одиграме натпреварот против Македонија. Сакам да бидеме креативни, да играме квалитетен фудбал и да ги направиме сите Италијанци емотивни. Утре сакаме да победиме“, додаде Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…