Дома Фудбал Репрезентации Спалети го избра новиот капитен на Италија

Спалети го избра новиот капитен на Италија

Лучијано Спалети ќе дебитира на клупата на Италија во натпреварот против Македонија во Скопје в сабота, а италијанскиот стратег избрал нов капитен пред овој дуел.

Нов капитен на „Аѕурите“ ќе биде добро познато лице за Спалети од Наполи, Џовани ди Лоренцо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мислам дека е вистинскиот избор, Спалети добро го познава. Беше капитен со него во Наполи, Спалети е еден револуционер во италијанскиот фудбал, Гравина направи вистински избор што го избра за наследик на Манчини“, изјави агентот на Ди Лоренци, Марио Џуферди.

Италија по натпреварот со Македонија ќе игра против Украина на домашен терен, додека ние ќе гостуваме на Малта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…