Дома Фудбал Италија Сопствениците на Њукасл ја купуваат Фиорентина

Сопствениците на Њукасл ја купуваат Фиорентина

Новите сопственици на Њукасл, Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија покажува сериозен интерес да го купи италијанскиот клуб Фиорентина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова денес го објави еминентната „Газета дело Спорт“ и тврди дека преговорите за преземање на контролниот пакет акции се веќе започнати.

Само пред една недела претставничката на Инвестицискиот фонд, Аманда Стејли изјави дека Серија А не е атрактивна цел на шеиците.

„Разговаравме со Интер и Милан, но проблем е структурата во Серија А. Не сме повеќе заинтересирани“, изјави Стејли.

Сепак, весникот тврди дека Инвестицискиот фонд започнал преговори со сопственикот на Фиорентина, Роко Комисо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенств…