Оле Гунар Солскјер не се плаши за својата работа во Манчестер Јунајтед.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека не е загрижен за својата работа во Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем минатиот месец го отпушти Маурисио Покетино, а потоа Арсенал му даде отказ на Унаи Емери доби отказ во Арсенал, последен во низата во овој краток период беше Кике Санчез Флорес кој беше отпуштен од Вотфорд.
Манчестер Јунајтед е деветти на табелата со 18 бодови на 14 натпревари и тоа е најлошиот старт за овој клуб во последните 31 година.
„Сконцентриран сум на својата работа. Гледам долгорочно и правам планови со управата. Никогаш не е убаво кога гледате дека вашите колеги остануваат без работа, сега тоа им се случи на тројца во краток период. Но, не сум поради тоа дополнително загрижен. Според мене имаме премногу нерешени резултати кои требаше да бидат победи. Фудбалот е поврзан со резултатите не сме задоволни и знаеме дека треба да бидеме подобри“, изјави Солскјер.
Манчестер Јунајтед утре вечер ќе ги пречека Мурињо и Тотенхем.