Дома Фудбал Лига на шампиони Солскјер за Санчез: Не можам да му помогнам, мора да се пронајде самиот себеси

Солскјер за Санчез: Не можам да му помогнам, мора да се пронајде самиот себеси

Алексис Санчез синоќа на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и ПСЖ имаше лоша вечер.

Имаше нула удари кон противничкиот гол, нула важни додавања, центаршутеви и дриблинзи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Чилеанецот го замени повредениот Лингард во завршницата на првиот дел и до крајот на натпреварот успеа да биде најслабиот играч на натпреварот.

Едно од првите прашања за Солскјер после натпреварот беше токму за Алексис Санчез.

„Не можам да му помогнам, не можам ништо да направам. Тој мора да се пронајде себеси, бидејќи знаеме дека се работи за квалитетен фудбалер. Се виде дека некое време немаме играно натпревар на ова ниво и мора да учиме од искуството.“ – изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим потврди лоши вести за Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, потврди дека Џошуа Зиркзе нема да се врати …