Дома Фудбал Останато „Со кој би се засилил Ливерпул? Со Меси?“

„Со кој би се засилил Ливерпул? Со Меси?“

Поранешниот играч на Ливерпул, Џон Барнс тврди дека „црвените“ не треба да доведуваат засилувања во јануарскиот преоден рок.

Екипата на Јирген Клоп беше одлична во првиот дел од сезоната, во домашното првенство не знае за пораз и се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не гледам со кого би се засилил Ливерпул во јануари? Само Меси би направил овој тим да биде подобар. Клоп има супер тим. Не претерувам, не постои играч кој би придонел овој тим на Ливерпул да биде на повисоко ниво, се е како што треба“, изјави Барнс.

Токму денес кога Барнс ја даде оваа изјава медиумите на Островот пишуваат дека Клоп го озбедил потписот на Јапонецот од Салзбург, Такуми Минамино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал постигна договор со Инкапие, сака да го земе на заем со задолжителна опција за откуп

Одбранбениот играч на Баер Леверкузен Пиеро Инкапие ги договори личните услови со Арсенал …