Според информациите од Англија, Јирген Клоп го обезбедил првото зимско засилување.
Изгледа дека Ливерпул успеал да ја заврши работата пред ривалите и да го обезбедат потписот на 24 годишниот Такуми Минамино од Салзбург. Ливерпул имаше прилика во живо да се увери во квалитетите на Минамино во групната фаза од ЛШ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минамино во шест натпревари во Лигата на шампионите успеа да постигне два гола и да запише три асистенции.
Овој Јапонец како што тврди „Тајмс“ бил на мета на Јунајтед, а она што ги привлекло англиските клубови била неговата клазула од девет милиони евра.
За Ливерпул Минамино е идеално засилување од неколку причини. Прво, тој е спремен постепено да се вклопува во тимот и на почеток да биде алтернатива во нападот. Сезонава зад своето име има девет гола и 11 асистенции на 22 натпревари.
Во Австрија настапува четири години, а стигна од Серезо Осака. Во Купот на Азија прикажа и одлични настапи за Јапонија, постигна гол и во финалето против Катар.