Дома Македонски спорт Мак фудбал Со аплауз да ги испратиме младинците во Полска….за МАКЕДОНИЈА!

Со аплауз да ги испратиме младинците во Полска….за МАКЕДОНИЈА!

Фудбалската федерација на Македонија со мотивациско видео ги кани фудбалските фанови на неделниот натпревар помеѓу Македонија и Шпанија и повикува со аплауз да ги испратиме надежите во Полска.

Македонија во недела од 20:45 игра квалификациски натпревар против Шпанија. На мечот ќе биде присутна и младата селекција која овој месец игра на Европското првенство во Полска.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„На фудбалскиот спектакл ја покануваме публиката и навивачите да дојдат на Националната арена и со овации да ги поздравиме и нашите репрезентативци до 21 година кои во понеделник заминуваат во Полска на Европското првенство.
Да ја бодриме македонската репрезентација, навивајте за Македонија.

Само за неа пеам јас…
…само за неа навивам…
…една и единствена…
…за МАКЕДОНИЈА!“, стои во објавата на ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…