Дома Фудбал Смешно или трагично: Неверојатна суспензија за Модриќ, го пропушта „Ел Класико“

Смешно или трагично: Неверојатна суспензија за Модриќ, го пропушта „Ел Класико“

Во рамки на Суперкупот на Шпанија ќе се состанат Реал Мадрид и Барселона во првото „Ел Класико“ оваа сезона, а на првиот меч нема да настапи Лука Модриќ.

Во првиот меч кој се игра во Барселона, Модриќ нема да игра бидејќи е суспендиран, а таа суспензија ја заработи, верувале или не, пред три години.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според пропозициите на ова натпреварување, доколку заработите црвен картон, суспензијата важи само за натпреварот од тоа натпреварување.

Лука го заработи црвениот картон во мечот против Атлетико Мадрид во 2014. година и имајќи предвид дека ова е прв меч на Реал во Суперкупот на Шпанија оттогаш, хрватскиот интернационалец ќе мора да си ја отслужи казната сега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Добри вести за Реал: Мбапе се враќа на теренот

Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, повторно се приклучи на тренинзите со ос…