Фудбалот во Јужна Америка е како религија, страст која европскиот фудбал одамна ја загуби.
Фудбалот во Јужна Америка се игра од љубов, носи неверојатна тага и радост, солзи, еуфорија, разочарување…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така беше и синоќа, кога после финалето во Копа Либертадорес едни плачеа, други паднаа во транс од радост.
Габигол со два гола во завршницата му донесе титула на Фламенго, клубот со најмногу навивачи во Бразил, па следеше лудо славје.
Се славаше на Маракана, по улиците на Рио, во целиот Бразил…славје кое ја покажува суштината на фудбалот, затоа денес е главна тема во целиот свет.