Славен Билиќ стана нов тренер на кинескиот клуб, Бејинг Гуоан.
Хрватскиот стратег потпиша договор на две години и го наследи Бруно Генеси на кој клубот му се заблагодари за соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кинескиот прволигаш минатата сезона ја заврши со поразот во полуфиналето на натпреварувањето во оваа земја, додека во азиската Лига на шампионите како првопласиран клуб избори пласман од групната фаза.
Не е познато колку Билиќ заработува во Кина, но веројатно цифрата не е мала.
Ќе потсетиме, неодамна Билиќ доби отказ од ВБА, а претходно беше тренер на Бешикташ, Ал-Итихад, Локомотив Москва, Хајдук, а едно време ја водеше и селекцијата на Хрватска.