Дома Фудбал Репрезентации Славен Билиќ ќе води репрезентација?

Славен Билиќ ќе води репрезентација?

Искусниот хрватски стратег Славен Билиќ е фаворит за клупата на репрезентацијата на Република Ирска, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот хрватски селектор денес работи во Ал Фатех во Саудиска Арабија со која се наоѓа на седмото место во првенство. Неговиот договор со овој клуб има важност до 2025 година.

„Мирор“ наведува дека ако Билиќ седне на клупата на Ирска тоа ќе биде во мај, по завршувањето на првенството во Саудиска Арабија. Се додава и дека добро упатени извори тврдат дека токму Билиќ е првиот фаворит за наследник на Стеф Кен кој беше отпушен по ремито со Нов Зеланд (1:1).

Во пријателските натпревари против Белгија и Швајцарија кои се играат следниот месец, Ирска ќе ја води Џон О’Шеј. Низкариерата Билиќ беше тренер на Хајдук, Бешикташ, Вест Хем, Ал Итихад, Вест Бромович, Пекинг Гуан и Вотфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Kolku zarabotila БиХ na Svetot Prvenstvo

Босна и Херцеговина го заврши своето учество на Светското првенство со пораз од 0:2 од дом…