Дома Македонски спорт Скок на Калин на АТП листата

Скок на Калин на АТП листата

Најдобро рангираниот македонски тенисер на АТП ранг листата Калин Ивановски оваа недела има скок за едно место и се наоѓа на 360.то место со 137 поени.

Горазд Србљак има пад за една позиција и со 10 поени се наоѓа на 1069.то место, додека Обрад Марковски има скок од три места и сега е рангиран на 1609.то место со два поена.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во конкуренција на двојки Ивановски има пад за седум места и се наоѓа на 674.то место со 71 поен, додека Берк Бугариќ е рангиран на 1363.то место со 16 поени (скок за едно место).

Обрад Марковски и во двојки има скок и се наоѓа на 1867.то место (скок седум позиции) со 5 поени, а Елдин Хусеиновиќ со 3 поени се наоѓа на 2160.то место (напредок три места) со 3 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…