Дома Фудбал Останато Скандалозна изјава: Порто со купување на судиите си го градел патот до титулата! (ВИДЕО)

Скандалозна изјава: Порто со купување на судиите си го градел патот до титулата! (ВИДЕО)

Порто и Бенфика во португалското првенство во поголем дел од случаите водат борба за титулата.

Така беше и во сезоната 2012/2013 кога Порто го освои првенството со само еден бод предност пред Бенфика. Порто таа сезона на 30 натпревари запиша 24 победи и шест нерешени натпревари, сезоната ја заврши без пораз.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во таа сезона во тимот на Спортинг настапуваше Кхалид Буларуж кој не се плашеше јавно да го обвини Порто дека со подмитување на судиите си го градел патот до титулата.

„Игравм тогаш против Порто на гостински терен. Ако во тоа време ја следевте португалската лига ќе знаевте дека сопственикот на Порто е познат по подмитување на судиите. Досуден беше непостоечки пенал против нас бидејќи тие мораа да ја освојат титулата. Сопственикот на Порто редовно на еден ден пред натпреварите им даваше подароци на судиите“, изјави Буларуж и ја изненади фудбалската јавност.

Меѓутоа мора да се признае дека Порто во тоа време во своите редови имаше фантастични фудбалери како што се: Жоа Мутињо, Џексон Мартинез, Алекс Сандро, Лучо Гонзалез, Хамес Родригез…

Во тој натпревар Порто доби два пенали, првиот беше досуден во 56-тата минута, но Лучо Гонзалез не беше прецизен, а потоа во 83-тата минута се досуди нов пенал кој овој пат го реализираше Хамес Родригез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…