Селекторот на бразилската репрезентација, Аденор Леонардо Баки – Тите е во центарот на скандалот поврзан со Светското првенство кое за две недели ќе започне во Катар.
Тите им наредил на фудбалерите на кои смета за Мундијалот во Катар, да лажираат повреди во своите клубови, за да може да бидат свежи и одморни за настап на Мундијалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Фудбалерите од националниот тим добиле наредба од селекторот да глумат дека се повредени во клубовите за да не играат во следниот период до почеток на СП. Габриел Барбоса, попознат како Габигол го прашал Тите каква повреда треба да глуми, но селекторот му соопштил дека тој не треба ништо да глуми зашто и онака нема да го носи во Катар“, објави „Глобо“.
Се верува дека изворот на информацијата е токму Габигол, кој е лут бидејќи нема да биде повикан на Мундијалот.