Дома Фудбал Лига на шампиони Скандал во Лигата на шампионите: Мбапе по натпреварот со Барса предизвикал тепачка во која учествувале 60 луѓе

Скандал во Лигата на шампионите: Мбапе по натпреварот со Барса предизвикал тепачка во која учествувале 60 луѓе

Пари Сен Жермен во вторникот ја елиминираше Барселона откако во реваншот го победи каталонскиот гигант со 1:4 и така ја анулираше негативата од првиот меч кога во Париз загубија со 2:3.

Килијан Мбапе постигна два гола, а по натпреварот бил причина за тепачка пред соблекувалната на двата тима. Како што пренесува „Мундо Депортиво“ во тепачката учествувале дури 60 луѓе.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„По натпреварот беше многу тензично. Причина беше славјето на фудбалерите на ПСЖ. Славјето беше големо затоа што победата ја доживеаа како одмазда за сезоната 2016/2017. Играчите на ПСЖ го напуштаа теренот славјеќи го триумфот секој на свој начин, но Мбапе беше најжесток“, пишува „Мундо Депортиво“.

„Прво изнервира неколку фудбалери на Барселона, но тоа беше само почеток. Потоа влезе во тунелот и се упати кон гостинската соблекувална, а потоа одново имаше момент на „лудост“ врескајќи со неколку негови соиграчи“, пишува „Мундо Депортиво“ додавајќи дека Мбапе извикувал: Ова е фудбал, зборуваме само на теренот.

Најголемата тензија настанала кога фудбалерите на Барселона разбрале дека тие зборува се упатени кон нив и тргнале кон него да го прекинат. Тогаш избила тепачка пред соблекувалната, учествувале фудбалери и луѓе од клубовите. Од фудбалерите учествувале скоро сите фудбалери на двата тима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…