Дома Топ вести Сите одат во Саудиска Арабија, а Кутињо договори трансфер во Катар

Сите одат во Саудиска Арабија, а Кутињо договори трансфер во Катар

Бразилецот Фелипе Кутињо има нов клуб и ќе го носи дресот на катарскиот Ал-Духаил, според најавите од тамошните медиуми се е договорено и во секој момент се очекува официјална потврда.

Кутињо долго време бараше клуб кој ќе ги исполни неговите очекувања, на крајот изборот падна на катарскиот клуб. Со овој трансфер 31-годишниот Бразилец и го завршува фудбалот на високо ниво откако не успеа да ја врати формата која го красеше во минатото.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во Астон Вила, Кутињо пристигна во јануари 2022 година на асистирање на Стивен Џерард кој во тоа време го водеше овој клуб. За клубот од Бирмингем собра само 22 настапи и постигна еден гол.

Во минатото Кутињо го носеше дресот на Васко Де Гама и Еспањол, додека европската авантура ја започна во Интер, за подоцна да го носи дресот на Ливерпул, Барселона, Баерн Минхен и Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…