Кристиано Роналдо освен што го освои Скудетото со Јувентус беше прогласен и за најдобар играч во Серија А.
Најдобрите поединци од минатата сезона имаат право на дресот да носат посебно обележје на кое пишува „избран“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така Кулибали беше избран за најдобар дефанзивец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ за најдобар играч, додека Фабио Кваљарела го доби признанието за најдобар напаѓач.
Наградата за најдобар голман му припадна на Самир Хандановиќ, најдобар млад фудбалер беше Николо Заниоло, а за играч на првенството Роналдо.
Сите добитници на овие награди го носат обележјето на својот дрес, но не и Роналдо.
Како што наведува „Марка“ Роналдо одбил да го носи тој беџ на својот дрес од почит кон соиграчите.