Дома Фудбал Останато Синот на Роналдо во пионерите на Јувентус – 28 натпревари, 58 гола ?

Синот на Роналдо во пионерите на Јувентус – 28 натпревари, 58 гола ?

Кристијано Роналдо пред две години потпиша за Јувентус, а со него во младинската школа на „старата дама“ пристигна и неговиот син Кристиано Жуниор.

Претхдоно синот на Роналдо беше дел од младинските категории на Реал Мадрид, меѓутоа со преминувањето на неговиот татко во Јувентус го продолжи својот фудбалски пат во редовите на шампионот на Италија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неодамна Роналдо Жуниор го прослави својот десетти роденден, а фудбалот е негова најголема љубов.

Роналдо може да биде среќен затоа што неговиот син тргнува по неговите стапки. Имено, тој во дресот на пионерите на Јувентус одигра 28 натпревари и постигна неверојатни 58 голови, додаде и 18 асистенции. На интернет се појави и видео од неговите најдобри потези.

Секако и тој како и неговиот татко на грбот го носи дресот со број седум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Манчестер Јунајтед: Фернандеш мора да паузира надвор од терените

Капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш и неговиот соиграч Коби Мејну нема да игра…