Дома Останати Тенис Синер – Медведев во полуфиналето на турнирот во Мајами

Синер – Медведев во полуфиналето на турнирот во Мајами

Италијанецот Јаник Синер обезбеди полуфинале на турнирот во Мајами откако лесно во четвртфиналето се справи Томаш Махач од Чешка.

Синер со оваа победа ја продолжи одличната форма, па поради тоа е еден од главните фаворити.

Против Махач лесно ја оправда фаворитската улога и славеше со 2:0 во сетови.

Во првиот сет му дозволи четири гема на чешкиот тенисер (6:4), додека во вториот само два (6:2).

Во полуфиналето ќе се сретне со Медведев кој го победи Николас Јари со 2:0 во сетови.

Медведев тргна убедливо, го доби првиот сет со 6-2 со два освоени брејка. Во вториот сет имаше голема борба, двата тенисери беа одлични на свој сервис, па тајбрејкот одлучуваше, него го доби рускиот тенисер со 9-7 и ја завери победата од 2-0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Нов ранен крај за Кецмановиќ: Дакворт го сопре уште на стартот во Алмати

Миомир Кецмановиќ продолжува со слабата серија, откако беше елиминиран уште во првото коло…