Дома Фудбал Останато Симеоне го избра неговиот фаворит од Мбапе, Халанд и Винисиус

Симеоне го избра неговиот фаворит од Мбапе, Халанд и Винисиус

Четврта година во низа Килијан Мбапе ја доби наградата најдобар играч во Франција, а на церемонијата потврди дека сигурно ќе игра во ПСЖ и наредната сезона, а тоа секако е олеснување за ривалите на Реал Мадрид кој се обидуваше да го доведе.

Свесен за таа ситуација е тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Аргентинскиот стратег гостуваше во последното емитување на „Кадена Копе“ и го пофали успехот на Севиља, меѓутоа беше запрашан и за споредба Винисиус и Мбапе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во последно време Винисисус игра како фудбалер кој треба да ја добие „Златната топка“, но секогаш ќе го бирам Килијан. Сто проценти стојам зад него. Меѓу Мбапе и Халанд, повторно Мбапе.

Тој е луд и прави се како што треба на теренот. За жал ние во Атлетико не можеме да си дозволиме такви суперѕвезди, тие завршуваат во Реал. Ако Мбапе дојде во Реал, а Меси се врати ов Барса тоа ќе биде добро за шпанскиот фудбал“; изјави Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…