Дома Трансфер зона Си замина од Арсенал поради недостаток на амбиции, сега е „вишок“ во Барселона

Си замина од Арсенал поради недостаток на амбиции, сега е „вишок“ во Барселона

Шпанските медиуми објавија дека тренерот на Барселона, Чави Ернандез повеќе не смета на дефанзивецот Ектор Белерин.

Ова значи дека десниот бек би можел да го напушти „Камп Ноу“ п осамо шест месеци. Како што наведува „Мундо Депортиво“ 27-годишниот фудбалер не се вклопува ов тактиката на Чави.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Клубот до сега не разговарал со претставниците на фудбалерот за продолжување на договорот и Белерин веќе некое време размислува за други опции.

Во текот на летото Белерин потпиша договор на една година, но од тогаш одигра само седум официјални натпревари за Барселона.

Белерин е роден во Барселона каде што ги направи првите чекори, но брзо се пресели во Арсенал каде што дебитираше на само 18 години. Во Арсенал помина десет сезони, а одлучи да си замине летото 2021 година поради како што кажа недостаок на големи амбиции во клубот.

Тогаш кариерата ја продолжи во Бетис од каде што после една сезона се врати во Барселона. Последен пат за репрезентацијата на Шпанија беше повикан пред три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …