Тимот на Металург не се шегува и во Автокоманда се сериозни во намерата да создадат тим со кој ќе можат да парираат на Вардар и Еурофарм Пелистер. Од Металург го потврдија ангажманот на Момир Рниќ.
Рниќ е искусен 32 годишен ракометар кој во кариерата го носеше дресот на Пролетер, Горење, Целје, Гепинген, Мелсунген и Рајн Некар Левен. Со Металург потпиша договор на една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека беше во Гепинген и Мелсунген две години по ред беше меѓу најдобрите 10 стрелци во Бундес лигата, додека со репрезентацијата на Србија стигна до сребрен медал на ЕП 2012.
Според информациите и најавите Рниќ е дел од планот на раководството на Металург за ростерот да се засили со уште неколку квалитетни ракометари.