Дома Останати Серена, Федерер и Реал Мадрид најдобри за 2017 година!

Серена, Федерер и Реал Мадрид најдобри за 2017 година!

Aмериканската тенисерка и швајцарскиот тенисер се прогласени за најдобри спористи, а Реал Мадрид за клуб на годината.

Меѓународната унија на спортски новинари ги избра најдобрите спортисти и спортски колектив за годината која изминува. Дури 517 претставници на медиумите од 112 држави го дадоа својот глас.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На крајот за најдобри беа изгласани Серена Вилијамс и Рожер Федерер за спортисти на годината. Зад Американката останаа Катинка Хошу (пливање) и Алисон Феликс (атлетика). За Федерер ова е четврто вакво признание со што се изедначи со Јамајканецот, Усаин Болт. Второто место во машка конкуренција му припадна на Кристиано Роналдо, а третото на Лионел Меси.

За најдобар спортски колектив за 2017 година беше избран Реал Мадрид пред германската фудбалска репрезентација и Голден Стејт Вориорси од НБА лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Родителите ја напуштиле, била малтретирана и останала без нозе, сега заработува милиони и целиот свет ѝ се восхитува

Ова е еден од најемотивните моменти на Параолимписките зимски игри во Милано и Кортина! Ок…