Американската тинејџерска Кори Гауф приреди сензација и ја исфрли Венус Вилијамс од Вимблдон!
Гауф ја победи Венус со 6:4 и 6:4.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес тенисот сведочи можеби на раѓање на една нова ѕвезда во женскиот тенис. 15 годишната Гауф во првото коло ја победи далеку постарата и поискусна тенисерка.
Таа 24 години постарата противничка ја победи со фантастична игра во двата сета. Судејќи според она што го покажа може и се најавува доминација на уште една Американка во женскиот тенис во иднина.
Нејзиниот успех не дојде преку ноќ. Таа ја освои јуниорската титула во Франција во 2018 година на 14 години, а на Вимблдон избори настап преку квалификации.
Made for the big stage ✨@CocoGauff becomes the youngest player since 1991 to win in the first round of the ladies' singles, beating Venus Williams 6-4, 6-4#Wimbledon pic.twitter.com/hfgcQGdZtq
— Wimbledon (@Wimbledon) July 1, 2019
Гауф токму сестрите Вилијамс ги истакна како „виновнички“ што денес игра тенис. Средношколката стана најмладта тенисерка која играла на Вимблдон.
„Венус? Немам што да изгубам, играм против една од најголемите тенисерки на сите времиња. Мал број тенисерки добиле шанса на 15 години да играат против Венис, јас сум вистински среќничка“, гласеше најавата на Гауф за мечот, а веројатно ниту самата не очекуваше дека ќе приреди ваква сензација.
Слободно можеме да кажеме дека ова е едно од најголемите изненадувања во тенисот во последните неколку години.