Селекторот на фудбалската репрезентацијана Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за историскиот дуел со Италија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
На списокот нема изненадување, тука е и Аријан Адеми, но неговиот настап е под знак прашалник, а единственото ново име е голманот на Шкупи, Кристиан Наумоски.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
На кратките подготовки ќе се појават и Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, кои поради жолти картони нема да може да играат на дуелот со Италија во Палермо.

Фото: ФФМ