Дома Фудбал Се чека само една работа: Меси роденденски добива нов договор!

Се чека само една работа: Меси роденденски добива нов договор!

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси за една недела ќе го прослави 33. роденден, а Барселона за „подарок“ му спремила нов договор до летото 2023 година.

Сегашниот договор на Меси истекува за една година, меѓутоа никој не се сомнева дека ќе дојде до продолжување на соработката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно, се што се чека сега е да се врати таткото на Меси од Аргентина за да решат уште деталите и Меси да ја продолжи верноста кон Барселона.

Меси кој во својата досегашна кариера постигна дури 699 голови е најплатен фудбалер во светот. Зад него неговиот голем ривал од редовите на Јувентус, Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сезоната за Јамал заврши!

Настапот на Ламине Јамал, е завршен за оваа сезона поради повреда која ја здоби на синоќеш…