Во Реал Мадрид изгледа ќе видиме големи промени во играчкиот кадар на лето.
„АС“ пренесува дека Реал ќе стави дури седум играчи на трансфер листата. Станува збор за Варан, Лука Јовиќ, Марсело, Иско, Маријано Диаз, Одраизола и Себаљос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лука Јовиќ ретко добиваше шанса, па беше испратен на позајмица во Ајнтрахт, на крајот од сезоната ќе се врати, но изгледа дека кратко ќе се задржи. Дека ќе се врати во Реал потврди Јовиќ пред неколку дена.
„Го сакам Ајнтрахт и овој клуб за мене е посебен во секој поглед, но сите знаат дека официјално сум играч на Реал. Ќе се вратам во Мадрид на крајот од сезоната“, гласеше изјавата на Јовиќ за „Билд“.
Во Реал Јовиќ пристигна во 2019 година и благо кажано не се снајде најдобро постигна само два гола и беше испратен на позајмица.
Медиумите посебно го извоија Јовиќ дека за него најмногу се пишува, а од сите споменати играчи Реал очекува да заработи околу 100-150 милиони евра.