После Бундеслигата Јирген Клоп од вчера може да се пофали и со титула во Премиер лигата.
По четири ипол години од неговото доаѓање Ливерпул застана на тронот во Англија, титула на која чекаше 30 години. Ливерпул и друштвото одиграа неверојатна сезона во која доминираа и не дозволика на ниту еден тим да им се доближи. Во овој момент имаат 23 бода повеќе од Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изградбата на овој тим започна на 8. октомври 2015 кога Клоп дојде во Ливерпул.
На претставувањето Клоп беше запрашан за очекувањата, а тој одговори:
„Ако бидам тука и по четири години тоа значи дека Ливерпул освоил барем една титула во Премиер лигата“.
Така кажа тогаш Клоп и еве денес после четири ипол години Ливерпул ја обезбеди титулата во најсилната англиска конуренција. Не треба да се заборави и дека Клоп освои и една трофеј во Лигата на шампионите.