Дома Фудбал Италија Се сеќавате на Хашим Мастур? – Доби закана од Гатузо: Ако продолжиш ќе ти ги скршам забите!

Се сеќавате на Хашим Мастур? – Доби закана од Гатузо: Ако продолжиш ќе ти ги скршам забите!

Мароканецот кој своевремено важеше за еден од најголемите таленти од академијата на Милан целосно исчезна од фудбалската мапа.

„Кој високо лета, ниско паѓа“, изгледа е реченицата со која најдобро може да се опише досегашниот тек од кариерата на Хашим Мастур.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Овој 19 годишен фудбалер пред околу пет години прв пат и се претстави на јавноста, но се уште не забележал деби во тимот на Милан. Беше на позајмица во Малага и Зволе, но ниту во Шпанија, ниту во Холандија не се наигра.

Сега повторно се врати на „Сан Сиро“ и чека своја шанса, а неодамна за него зборуваше тренерот на „росонерите“, Џенаро Гатузо.

На тренерот на Милан му е јасно дека Мастур поседува огромен талент, но и му порача дека мора да престане да се занимава со поставување видео клипови на интернет и во целост да се посвети на тренинзите.

„Зборував неколку пати со него и му кажав дека повеќе познат е по своите видео клипови отколку поради фудбалот. Нема да му дозволам повеќе да го прави тоа, доколку не ме послуша ќе му ги скршам забите“, изјави Гатузо.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…