Легендарниот Пол Гасол одлучи да каже „доста“ на својата најголема љубов.
На тоа Гасол се одлучи на својата 42 година од животот, после неверојатни 23 сезони. По тој повод организираше прес-конференција за медиумите на која имаше што да каже.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во текот на долгата кариера работев со многу луѓе и на сите им должам благодарност. Од новинарите кои ме следеа на ова патување поради кои нашата работа допира до многу луѓе, преку навивачите на пружената енергија до физиотерапевтите, спонзорите, менаџерите…На сите сум благодарен. Посебно на Пеп Касал кој ми помогна на почетокот и ме припреми да од светот на едно момче влезам во возрасниот машки свет“.
Зборуваше и за неговата соработка со големиот Коби Брајант.
„Коби би сакал посебно да го истакнам. Баш сакаше да биде тука, но некогаш животот не е фер. Коби ме научи како да бидам лидер, подобар натпреварувач, што значи да се биде победник“, порача Шпанецот.
😢👏👏👏 Y llegó el adiós que no por esperado emociona menos. Grande @PauGasol, eterna leyenda del deporte español https://t.co/aVNfOGvfGa #NBA #ACB #Legend pic.twitter.com/LJuIV4bs8U
— MARCA (@marca) October 5, 2021