Како што пренесуваат шпанските медиуми Пол Гасол најави конференција за медиумите на 5. октомври во вторник и тогаш ќе објави крај на неговата професионална кариера.
Гасол следната недела ќе ја заврши својата богата и успешна кариера, а низ годините имаше на што да се радува. Освои два прстени со Лејкерси, злато на Светското првенство со Шпанија во 2006 со која беше и три пати на врвот на Европа. Го носеше дресот на Барселона, Мемфис, Чикаго, Сан Антонио, Милвоки и Лејкерси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Претходната сезона неколку месеци беше во Барселона со која изгуби финале во Европлигата, додека со репрезентацијата на Шпанија настапи на Олимписките игри каде што „Фуријата“ беше елиминирана во четвртфиналето.
Се шпекулираше многу за тоа дали 41-годишниот Гасол ќе продолжи или ќе стави крај, но изгледа дека Шпанецот одлучи после 23 години да ја остави кошаркарската топка.